Husamedin Gina
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 161 случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 23.788, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 починати се 12 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 846.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 17.392, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања за вирусот.