Bojana Stojanovic
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
БЕЛГРАД
Во Србија две лица починаа од Ковид-19 во претходните 24 часа, заразени се уште 122, а до денес се хоспитализирани 408 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 36.282 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 5.746 лица, од кои 122 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период починаа две лица, со што досега починаа 778 лица. Процентот на смртноста е 2,14 отсто.
На респиратори се наоѓаат 24 пациенти.
Досега се тестирани 1.241.864 граѓани.