Admir Fazlagic
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.288 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во државата достигна 57.451, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 39 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјава се искачи на 1.600.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.078 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјава изнесува 34.970.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.881.
Досега во земјата се направени вкупно 320.011 тестирања на Ковид -19, од кои во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања.