Adam Abu-bashal
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 120 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 14.835 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.120.356.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 318 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 50.736.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (21.201), по која следуваат Египет (6.585) и Мароко (5.539).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (775.502), по која следуваат Мароко (336.506) и Египет (114.107).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.794.355 лицa.