Husamedin Gina
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 199 случаи на Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.975, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани осум смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 се искачи на 376.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од Ковид-19, што е најголем број на регистрирани оздравени лица во еден ден досега. Вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 4.080.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.545 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата споведени се вкупно 76.107 тестирања на овој вирус.