Vesna Besic
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ПОТОЧАРИ (АА) - Заменик претседавачот со Домот на народите при Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина (ПСБиХ), Бакир Изетбеговиќ, денеска во Поточари присуствуваше на одбележувањето на 25. годишнина од геноцидот извршен во јули во 1995 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Повторно да се повторат истите зборови или да се бори за вистината, за правдата и за силата. За да имаме вистина и правда мораме да бидеме силни. Мораме да градиме стабилна БиХ, силна земја, за ваквите работи да не ни се повторат", рече Изетбеговиќ во своето обраќање.
Тој истакна дека меѓународната заедница не ја одбранила Сребреница пред 25 години.
„Денес има можност да ја одбрани вистината, која е доведена во прашање. Се наградуваат, се одликуваат воените злосторници, пресудени воени злосторници одговорни за геноцидот во Сребреница. Се негира геноцидот во Сребреница. Се придружувам на апелацијата која ја упатија мајките на Сребреница, да се поништат од страна на високиот претставник одликувањата дадени на Караџиќ и останатите пресудени воени злосторници, конечно да се наметне закон за забрана за негирање на геноцидот во Сребреница“, порача Изетбеговиќ.
- 25. годишнина од геноцидот -
На 25. годишнина од геноцидот во Сребреница денес на гробиштата во Меморијалниот центар погребани се девет жртви.
Салко Ибишевиќ е најмладата жртва која оваа година е погребана на гробиштата во Меморијалниот центар. Имал само 23 години кога е убиен. Неговите посмртни останки се пронајдени во секундарната масовна гробница Липље, во општина Зворник во 2001 година.
Највозрасната жртва која е погребана денес е Хасан Пезиќ од местото Пустоше кај Власеница. Кога е убиен имал 70 години, а исчезнал во 1995 година, на подрачјето на Козлук. Неговото тело е ексхумирано од масовната гробница во Козлук 1999 година.
Во Меморијалниот центар „Поточари“ оваа година погребани се: Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача; Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи; Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше; Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина; Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба; Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица; Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година; Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.