Ekipa
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 100 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 85.594, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 11 лица, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.592.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 66.760.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.242.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 764 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања.