Husamedin Gina
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 124 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 309.434, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи во земјата изнесува 9.278.
Институтот за јавно здравје регистрира 114 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 299.653.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 503.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.798 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања.