Admir Fazlagic
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 135 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.026, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 14 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.093.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 298 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 137.962.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 10.971
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.993 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања.