01 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 414 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 83.743, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 7 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.510.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 61.943.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 19.290.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.619 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 402.444 тестирања.