Stipe Majic
02 Јануари 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2021
ЈАСТРЕБАРСКО
Комбе со 272 греалки за помош на семејствата погодени од земјотресот, од Турција синоќа пристигна во логистичкиот центар за Цивилна заштита во Јастребарско, а во наредните денови Хрватска од Турција очекува донација од стотина контејнери и речиси 500 шатори во кои ќе бидат згрижени семејствата кои останаа без сигурен кров над главата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Комбето со хуманитарна помош, што стигна од Турција во логистичкиот центар на Цивилната заштита во Јастребарско, го дочека амбасадорот на Република Турција во Хрватска, Мустафа Бабур Хизилан, кој истакна дека по земјотресот што ја погоди Хрватска, надлежните органи во Турција стапиле во директен контакт со хрватските колеги.
Амбасадорот Хизлан рече дека како исход од разговорот на претставниците на министерствата за внатрешни работи на двете држави, Управата за вонредни состојби (АФАД), која делува при МВР на Турција, покренала акција.
„Денес во рамките на првата фаза од помошта, во Хрватска стигнаа 272 греалки, кои се од голема помош за семејствата погодени од земјотресот. Тие греалки ќе им бидат предадени на загрозените жители на Хрватска. АФАД покрај тоа подготви и 480 шатори, кои со шлепери ќе бидат доставени во Хрватска. Станува збор за семејни шатори кои се приспособени за зимски услови“, рече турскиот амбасадор во Хрватска.
„Турција за загрозените жители на Хрватска подготви и контејнери за сместување, кои моментално се подготвуваат за транспорт, а хрватските власти подготвуваат терен на кој ќе бидат сместени“, додаде тој.
Хизлан наведе дека на теренот погоден од земјотресот стигнал и претставник на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а ТИКА набавила 500 ќебиња кои им се испорачани на загрозените семејства.
„ТИКА е во контакт со хрватските власти за да им пружи поддршка во набавката на потребната помош“, информираше турскиот амбасадор Хизлан.
„Продолжуваме да пружаме помош“, порача Хизлан.
Членот на Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска, Дарко Мајсторовиќ, кој со турскиот амбасадор учествуваше во примопредавањето на првиот контингент на хуманитарната помош од Турција, упати благодарност до турскиот народ и до Амбасадата на Турција во Хрватска за врачената донација.
„Голема потреба има од греалки, кои веднаш ќе бидат упатени на терен, во шаторите и контејнерите што веќе ги делиме. Луѓето во руралните средини не сакаа да отидат во засолништата, сакаат да бидат покрај своите куќи така што овие греалки кои ги добивме од турскиот народ веќе денес ќе бидат од голема помош и ќе им овозможат на луѓето да се згреат“, рече Мајсторовиќ.
Греалките ќе се прерасподелат во селата помеѓу Глина и Петриње што најмногу настрадале во земјотресот.
Мајсторовиќ најави дека на истите критични локации ќе бидат испорачани стотина станбени контејнери, кои ќе тргнат од Турција.
„Голема благодарност до турскиот народ, бидејќи тоа ни е најпотребно“, рече Мајсторовиќ.
Греалките што вчера се предадени во Цивилната заштита на Хрватска побарани се преку механизмот на Европската Унија, а контејнерите што ќе пристигнат се донираат врз основа на билатералната соработка меѓу Хрватска и Турција.
Во разорниот земјотрес што ги погоди Петриња, Сисак и околните села, со јачина од 6,2 степени по Рихтер, смртно настрадаа седум лица, 26 се потешко повредени, а на ова подрачје настанаа големи материјални штети.