Ekipa
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 61 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што е зголемена вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 92.753, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 11 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.866.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 440 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 82.121.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 7.766.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 678 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања.