Husamedin Gina
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) – Започнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамстор Бугарија ЕАД“ која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на компанијата „Мигрос Тиџарет“ се истакнува дека подружницата „Рамстор Македонија“ која работи во Северна Македонија, сочинува приближно 1,2 проценти од консолидираната продажба на компанијата во периодот од 1 јануари - 30 септември 2020 година.
Според соопштението, подружницата во Северна Македонија работи на оската на управување со трговски центар и работење со малопродажба.
Компанијата, во согласност со целите за раст и стратегијата за фокусирање на пазарите на кои работи, направила повторна проценка за работењето на „Рамстор Македонија“.
„Како резултат на направената проценка, започнати се преговори за продажба на 100 отсто акции на нашата подружница „Рамстор Бугарија ЕАД“ која поседува 99 отсто акции од „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“ (Купувач)“, се нагласува во соопштението.
Во врска со продажбата, според соопштеното, потпишан е преддоговор, додека во тек се преговорите во врска со потпишувањето на договорот за преносот на акциите.
Се додава и дека компанијата за да не им наштети на легитимните интереси и за да се избегне заблуда на инвеститорите, претходно одлучила да се одложи јавното објавување на дискусиите во врска со ова прашање.