Admir Fazlagic
31 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.085 случаи на коронавирусот (Ковид-19) што е рекордна бројка на регистрирани случаи во едно деноноќие. Со ова вкупната бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 31. 572, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците на Ковид-19 се починати 12 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјава се искачи на 994.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти се искачи на 20.731.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 9.847.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.294 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања.