Furkan Abdula
31 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
РАДОВИШ
По повод 29 Октомври, националниот празник Денот на Републиката, односно 97-годишнината од основањето на Република Турција, во радовишкото село Бучим, каде што живеат Јуруци, се одржа програма во организација на Здружението на Турците од Источна Македонија и Платформата на движењето „Добрина“ од Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
На програмата што по овој повод се одржа за прв пат во ова село, учествуваа жителите на ова село и децата.
Касим Алпер Оздемир, од Платформата на движењето „Добрина“, истакна дека секое место каде што се наоѓаат децата е рај, нагласувајќи дека ги посетуваат краиштата каде што Мустафа Кемал Ататурк се стекнал со образование и каде што извесен период живеело неговото семејство.
„По овој повод, обединувајќи се со децата Јуруци, ја доживеавме радоста на празникот Денот на Републиката и радоста на споделување на добрината“, рече Оздемир.
Меѓу другото, Енис Омер, член на Општинскиот совет на Радовиш, упати благодарност до Оздемир и Платформата на движењето „Добрина“ поради нивната посета, истакнувајќи дека за прв пат во ова село со химни и поезија се одбележува овој празник.
„Со благодарност се сеќаваме на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци“, нагласи Омер.
Програмата заврши со химните и со поезијата што ја рецитираа турските деца.