Lejla Biogradlija
06 Август 2022•Ажурирај: 07 Август 2022
Според првичните сознанија, единаесет лица го загубија својот живот како резултат на превртување автобус со полски регистарски таблички на автопатот во близина на Брезнички Хум во Хрватска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Хрватска.
Во соопштението се наведува дека на местото каде што се случила несреќата се упатени полициски и пожарникарски тимови.
Според соопштението, зоната каде што се случила несреќата е затворена за сообраќај.
Се истакнува дека во несреќата загинале 11 лица, а повеќе лица се повредени.
Во соопштението се нагласува дека автобусот патувал кон Босна и Херцеговина.
Како што се вели во соопштението, деталите во врска со оваа несреќа ќе бидат споделени.