Aldıjana Hadzıc
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија идентификуваа и приведоа повеќе лица под сомнение дека извршиле повеќе различни кривични дела и прекршоци за време на синоќешниот упад на поддржувачите на опозицискиот Сојуз за Србија во зградата на Радио-телевизија Србија и за време на денешниот собир пред зградата на Претседателството на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради сомнение дека синоќа внеле моторна пила во зградата на РТС и мавтале со неа пред вработените во оваа медиумска куќа, приведени се две лица.
Полицијата приведе уште едно лице кое се сомничи дека синоќа го скршило стаклото на влезот на зградата на Радио-телевизија Србија.
„Исто така, поради напад на овластено лице уапсени се три лица. Тие се сомничат дека синоќа, во зградата на РТС, физички се нафрлиле на полициските службеници и им нанеле повеќе удари“, соопшти денес српското МВР.
Приведено е уште едно лице кое денес физички нападнало полицаец.