Sibel Vezaj
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, по апсењето на шефот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ во Северна Митровица, повика на смиреност, и рече дека косовската полиција постапила во согласност со законите и нејзините надлежности за ова апсење, јавува агенцијата Anadolu Agency (АА).
Претседателот Тачи рече дека Марко Ѓуриќ поминал низ редовна постапка на обвинителството и судска постапка и дека сега Косовската полиција го праќа на граничниот премин меѓу Косово и Србија.
„Овој случај не треба да ја загрозува комуникацијата меѓу Косово и Србија, дијалогот меѓу двете земји и напорите за нормализација, добрососедските односи и помирувањето меѓу Косово и Србија", рече претседателот Тачи.
Потсетуваме, косовската полиција во Северна Митровица го уапси шефот на Канцеларија за Косово и Метохија во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, после што тој беше донесен во полициска станица во Приштина.
Ѓуриќ е уапсен поради тоа што од Владата на Косово немал дозвола за влез во Косово од страна на Владата на оваа држава.