Haris Alija
26 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција во Северна Митровица го уапси шефот на Канцеларија за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, после што тој беше донесен во полициска станица во Приштина, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓуриќ е уапсен поради тоа што од Владата на Косово немал дозвола за влез во Косово од страна на Владата на Косово. Ѓуриќ требал да присуствува на дебата за дијалог во Косово.
Шефот на Канцеларијата за Косово, Ѓуриќ, е уапсен во Северна Митровица и сеуште не е познато како влегол на територијата на Косово. Полицијата во Северна Митровица, поради собраните граѓани, користеше димни бомби.
Ѓуриќ, вечерва околу 18:30 часот е донесен во Приштина во полициска станица. Главните улици во овој град се блокирани и присутни се специјални и полициски единици на Косово кои се вооружени. Ѓуриќ во Приштина е дочекан со свирежи од страна на собраните граѓани од овој град.