Dzihat Aliju
12 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – ЏИХАД АЛИУ- Координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тирјаки, истакна дека е потпишан протокол за соработка со Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија и постигнат е договор за реализација на реставрацијата на теќето Арабати баба во Тетово.
Тирјаки во својата изјава за Anadolu Agency (AA), нагласи дека од 2005 година па досега, ТИКА во Македонија реализирала голем број активности, како и разни проекти.
Теоман Тирјаки рече дека покрај овие проекти и активности, извршени се и реставраторски работи за заштита на османлиските монументи.
Зборувајќи во врска со теќето Арабати баба, кое се наоѓа во Тетово и е еден од најзначајните монументи во Македонија, Тирјаки нагласи дека овој монумент бил предмет на судски процес од 2003 година поради имотно-правен спор меѓу ИВЗ и Бекташкиот центар.

Тирјаки истакна дека поради ова несогласување, реставраторските работи не можеле да започнат, иако имало потреба за тоа.
„Во 2011 година, претседателот Реџеп Таип Ердоган, тогашен премиер, го посети ова место и даде инструкции за реставрација на ова теќе. Потоа започна судскиот процес, и се чекаше тој да заврши. Минатата недела овој судски процес резултираше во корист на ИВЗ, и со тоа заврши несогласувањето“, рече Тирјаки.
Тирјаки информираше дека е остварена средба со поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Тој нагласи дека меѓу двете институции е потпишан протокол за соработка и постигнат е договор со кој е предвидено ТИКА да го реставрира овој монумент.
Исто така, тој истакна дека започнале со работа за подготовка на еден проект во наредниот период. „Кога ќе заврши нашиот проект, и со добивањето на дозволите од надлежните институции на Македонија, ќе започнат реставраторските работи и во најкраток период успешно ќе заврши реставрацијата теќето Арабати баба кое го изведува ТИКА, а потоа теќето ќе биде предадено на ИВЗ“.
Овој објект, како што вели Тирјаки, е еден од најзначајните монументи во земјата и затоа му даваат големо значање. Тој додаде дека во името на ТИКА се чувствуваат среќни поради реставрацијата на овој монумент.
- Арабати баба теќе -
Теќето Арабати баба е основано во 1538 година, од страна на братот на султанката Махидевран, сопруга на Султан Сулејман, познат по имињата Серсем Али Баба или Сервер Али Баба.
Пред да биде поставен во Дерѓахот на Хаџи Бекташ, Сервер Али Баба бил државник кој се здобил со називот гувернер.
Теќето го добило името од Арабати баба, кој го заменил Сервер Али Баба кога тој починал.
Теќето Арабати баба е тарикатен комплекс составен од разни структури. Комплексот е изграден на површина од 26.700 квадратни метри, и е обиколен со заштитен ѕид висок 3 метри.