Furkan Abdula
02 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати сочувство до членот на Уставниот суд на Република Македонија, Салих Мурат, поради смртта на неговата мајка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од турската Амбасада во Скопје, турскиот претседател Ердоган телефонски разговарал со Мурат и упатил сочувство до него поради смртта на неговата мајка. Ердоган нагласил дека поради интензивната агенда нема да може да учествува на погребната церемонија, но дека ќе испрати делегација.
Исто така, се вели дека амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, изразила жалост поради смртта на мајката на Мурат и упатила сочувство до него.
Се вели дека Кара ќе учествува на погребната церемонија за мајката на Мурат која ќе се одржи утре (3 февруари 2019 година) во 12:00 часот во општина Врапчиште.