Hülya A. Gündüzalp
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го обвини режимот на Башар ал-Асад за купување нафта од ДАЕШ.
„ДАЕШ ја продава нафтата која ја вади на Асад. На Асад. Разговарајте за ова со Асад кој го поддржувате“, рече Ердоган обраќајќи се на одборниците на едно населено место, денес, во главниот град Анкара.
Ердоган рече дека местата од каде што Турција купува нафта и природен гас се добро познати, наведувајќи ги Русија и Иран, како и Азејберџан и северен Ирак.
Претседателот ги повика оние кои тврдеа дека Турција купува нафта од ДАЕШ, да ги докажат своите тврдења, велејќи дека инаку ќе ги нарече „клеветници“.
Тој рече дека скоро да нема земја, покрај Турција, која толку сериозно се бори против ДАЕШ .
Во своите забелешки, Ердоган ја обвини Русија дека не се бори против ДАЕШ во Сирија, туку наместо тоа убива Туркмени и Сиријци во Латакија.
„Целта на оние што ја напаѓаат само умерената опозиција во Сирија во име на ’борбата против ДАЕШ’ е очигледна“, додаде тој.
Тој, исто така, отфрли било каков план за турска воена интервенција.
„Директна воена интервенција против Русија или друга земја не доаѓа в предвид“, но „очекуваме сите да покажат чуствителност за нашите суверени права“, рече тој.
„Немаме причина да ја нападнеме Русија со неа имаме силни врски,“ додаде тој.
Тој изјави дека на турското стратешко партнерство со Русија му треба солидарнот а не закани. Додаде дека едно е да не се сложувате со Русија во поглед на политиката кон Сирија а друго е активирање на правилата на ангажман.
Во врска со турската поддршка на туркменската заедница, претседателот рече дека Турција ќе продолжи да ги поддржува. „Ние ја поддржуваме умерената опозиција која се бори против Асадовиот режим, со Туркмените од Бајирбуџак. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме“.
Претседателот рече дека Турција ги осудува сите дела на тероризмот од страна на организации, вклучувајќи ги ДАЕШ и ПКК. „Делувањето на ДАЕШ е апсолутно неоправдано. Истото важи и за Демократскта унија на Курдите (PYD) Народна ослободителна армија (YPG), ПKK, Боко Харам и ал-Шабаб“, рече тој.