Abdullah Aşıran
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
ХАГ (АА) - Апелациониот суд во Холандија донесе пресуда дека холандската Влада е делумно одговорна за смртта на околу 300 Бошњаци во 1995 година во Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
Апелациониот суд во Хаг ја потврди одлуката донесена во 2014 година, од страна на Регионалниот суд, дека холандската Влада е делумно одговорна за смртта на Бошњаците.
Судијата Гепке Дулек во судот истакна дека 300 Бошњаци биле извадени од кампот од страна на холандските војници, и со тоа, како што рече тој, им биле одземени шансите на овие војници да преживеат.
Судот донесе одлука Холандија да исплати 30 отсто од отштетата за семејствата на жртвите.
Како резултат на поднесената тужба против Холандија, во 2007 година, од страна на Здружението на Мајките од Сребреница, Регионалниот суд во Хаг во 2014 година одлучи дека Холандија делумно е одговорна затоа што во текот на окупацијата на Сребреница во 2014 година, 300 Бошнаци кои се засолниле во холандскиот баталјон што имал мандат во рамките на Обединетите нации (ОН), биле предадени на српските војници.
По донесената одлука, адвокатот на семејствата на жртвите во Сребреница, Семир Гузин, истакна дека не се задоволни од оваа одлука и оти во рамките на законите ќе поднесе жалба на оваа одлука.
Сребреница во текот на војната во Босна беше под заштита на ОН, но на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од страна на српскиот генерал Ратко Младиќ. Голем број Бошњаци кои се засолнија кај холандските војници, кои имаа мандат во рамките на мисијата на ОН, беа предадени на Србите од страна на холандските војници. Значителен број од овие Бошњаци кои беа предадени на Србите, беа убиени во шумите или складовите.
Настаните во Сребреница потоа беа прифатени како геноцид од страна на Европскиот Парламент и ОН.