Samir Kajoševic
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
ПОДГОРИЦА
Претседателот на Владата на Црна Гора Здравко Кривокапиќ ја презеде премиерската должност од својот претходник Душко Марковиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Досегашниот црногорски премиер Душко Марковиќ се состана денеска со новиот премиер Здравко Кривокапиќ и му ја предаде должноста.
„Денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелоста и одговорноста која ја негува нашата политика. Да се надеваме дека оваа Влада ќе работи во интерес на Црна Гора и сите нејзини граѓани", рече Марковиќ.
Новата 42. Влада на Црна Гора е избрана во петокот со поддршка на 41 пратеник во црногорскиот парламент. Кривокапиќ е на чело на Владата која има 12 министерства кои ги водат непартиски личности, додека лидерот на коалицијата „Црно на бијело" Дритан Абазовиќ е потпретседател на Владата.