Zylfije Adem Jakupi
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
ПРИШТИНА
Од Националниот институт за јавно здравје на Косово е соопштено дека во последните 24 часа се тестирани 1.407 лица за присуство на Ковид-19, од кои 519 се позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Косово починаа 14 пациенти од последиците на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата се тестирани вкупно 154.084 лица, од кои 43.324 беа позитивни, со 1.120 смртни случаи.
Оздравени се уште 926 пациенти, па вкупниот број на оздравени изнесува 29.430 лица. Во моментот има 12.774 активни случаи на заразување со Ковид-19.