Adel Omeragic
29 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Државната изборна комисија на Црна Гора (DIK) ги потврди конечните резултати од претседателските избори што се одржаа на 15 април, на кои победи кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Резултатите, како што беше соопштено од страна на Комисијата, биле усвоени декларативно, односно немало гласање.
Утврдено е дека Ѓукановиќ е победик во првиот круг со освојување на најголем број гласови, 180.274 или 53,9 отсто.
Кандидатот на поголемиот дел од опозицијата, Младен Бојаниќ, освои 111.711 гласа, или 33,4 отсто, а кандидатката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ 27.441 гласа или 8,2 проценти од гласовите.
Претседателскиот кандидат Марко Милачиќ освои 9.405 гласови или 2,81 отсто, Хазбија Калач 2.677 гласови, или 0,8 отсто, Василиј Mиличковиќ 1.593 гласови или 0,48 отсто, а Добрило Дедеиќ 1.363 гласови или 0,41 отсто.
На изборите гласаа вкупно 340.462 гласачи, од кои 334.464 биле важечки ливчиња.