Tuba Şahin,Gökhan Ergöçün
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Индиската комора за меѓународен бизнис, Манпрет Синг, изјави дека е вистинско време за индиските компании да инвестираат во Турција.
„Локацијата на Турција е најголема предност за инвеститорите. Ние, исто така имаме предност во валутата“, изјави за Anadolu Agency (AA) шефот на Индиската комора за меѓународен бизнис.
Нагласувајќи ја географската локација на Турција, Синг изјави дека индиските компании треба да ја сметаат земјата како основа за Комонвелтот на независни држави и регионот на Блискиот Исток.
Тој изјави дека присуството на турските компании во ЕУ може да биде корисно за индиските фирми.
„Постојат многу турски компании кои се добро воспоставени во ЕУ. Затоа, индиските компании можат да го искористат ова влијание за исто така да влезат и во ЕУ“, рече Синг.
Осврнувајќи се на локалните избори во Турција на 31 март, тој изјави дека економијата на Турција ќе расте по избороите бидејќи работите ќе станат многу постабилни.
Посочи дека треба да има лесен визен режим меѓу двете земји, велејќи дека тоа ќе го отвори патот за подобрување на бизнисот и туризмот.
„Повеќе интеракција меѓу луѓето дефинитивно ќе ги зголеми бизнисите. Откако ќе се подобри туризмот, бизнисите дефинитивно ќе се зголемат“, рече Синг.
Синг, исто така ги истакна ветувачките сектори за соработка помеѓу турските и индиските компании.
„Мислам дека инфраструктурата ќе биде најголем сектор, бидејќи Турција е искусна во инфраструктурата. Во Индија, ние сè уште одиме натаму“, рече тој.
Според неговите зборови, малопродажниот сектор во Индија нуди предности за турските компании, бидејќи земјата има „огромен обем на продажба“.
Турција главно извезува злато, метални руди и метални отпадоци, сурови ѓубрива и сурови минерали, обоени метали, машини и опрема за производство на електрична енергија во Индија, додека од Индија купува нафта, нафтени производи и слични материјали, текстил, предиво и слични производи, пластика во примарни форми, органски хемикалии и друмски возила.
Според Турскиот статистички институт (TurkStat), обемот на трговијата меѓу двете земји достигна до повеќе од 8,6 милијарди долари во 2018 година. Извозот на Турција во Индија изнесуваше 1,1 долари, додека нејзиниот увоз од земјата беше над 7,5 минатата година.
Во првиот месец од оваа година трговскиот обем изнесуваше 636,5 милиони долари.