ИСТАНБУЛ (АА) - БЕЛГИН ЈАКИШАН МУТЛУ -
Извозот на турските компании на Балканот се зголеми за 22,1 отсто во првите пет месеци во оваа година, достигнувајќи до 3 милијарди 962 милиони и 246 илјади долари, додека најголемиот извоз во балканските земји е реализиран во Бугарија со 1,1 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од податоците на Собранието на извозниците на Турција (TİM), во првите пет месеци од оваа година, на Балканот е реализиран извоз во вредност од 3 милијарди 962 милиони и 246 илјади долари, вклучувајќи ги земјите како Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словачка, Србија, Словенија, Грција и Романија.
Оваа бројка во истиот период минатата година беше 3 милијарди 245 милиони и 298 илјади долари, додека извозот на просторите на Балканот за период од една година забележа пораст од 22,1 отсто.
Најголемиот извоз во периодот за кој станува збор, е реализиран во Бугарија, 1,1 милијарда долари, по која следуваат Грција со 839,5 милиони долари, Словенија со 587,8 милиони долари и Србија со 367,6 милиони долари.
Во истиот период во Словачка е реализиран извоз од 211,5 милиони долари, во Хрватска 190,8 милиони долари, во Босна и Херцеговина 179,2 милијарди долари, во Македонија 164,3 милиони долари, во Албанија 159,1 милион долари, во Косово 123,2 милиони долари и во Црна Гора е реализиран извоз во вредност од 27,6 милиони долари.
- Во Хрватска забележан најголем пораст -
Во извозот реализиран во првите пет месеци од оваа година, забележан е пораст во сите овие земји на Балканот, во споредба со истиот период минатата година. Во овој период најголемиот пораст во извозот е забележан во Хрватска со 47,7 отсто. Минатата година во наведениот период во Хрватска беше реализиран извоз од 129,2 милијарди долари, додека во овој период оваа година е реализиран извоз со вредност од 190,8 милијарди долари.
По Хрватска, најголемиот пораст на извозот во земјите на Балканот е реализиран во Босна и Херцеговина со 37,2 отсто, по која следуваат Србија со пораст од 37 отсто, Словачка со 36,5 отсто, Грција со 35,3 отсто, Албанија со 25 отсто, Црна Гора со 24,6 отсто, Словенија со 22,6 отсто, Косово со 21,3 отсто, Македонија со 17,9 отсто и во Бугарија е забележан пораст од 3,7 отсто.
- 46 отсто на извозот во земјите на Балканот се реализирани од Истанбул -
Врз основа на градови, од Истанбул во балканските земји е реализиран извоз од 1 милијарда 826 милиони и 183 илјади долари, односно 46,1 отсто од вкупниот реализиран извоз од Турција во балканските земји кој изнесува 3 милијарди 962 милиони и 246 илјади долари. По Истанбул следува Коџаели со 605,2 милиони долари, Бурса со 302,9 милиони долари, Измир со 192,7 милиони долари, Анкара со 169,4 милиони долари и Маниса со 102,3 долари.
- Најголемиот извоз е реализиран во автомобилската индустрија -
Автомобилската индустрија беше водечкиот сектор во извозот во земјите на Балканот во овој период, каде што во периодот од јануари до мај 2018 година е реализиран извоз од 829,5 милиони долари. По оваа индустрија следуваат хемиските материјали и продукти со 533,8 милиони долари, текстилот и неговите суровини со 427,9 милиони долари, готовата облека и конфекција со 332,9 милиони долари, и секторот за електрика, електроника и услуги со 321,1 милион долари.
Секторот во кој беше реализиран најмал извоз во наведениот период во балканските земји е секторот на украсни растенија, 2 милиони и 253 илјади долари.
Според податоците на Собранието на извозници на Турција, стапките и износите (во илјади долари) на реализираниот извоз во земјите на Балканот во периодот од јануари до мај во 2017 и во 2018 година се следни:
| јануари - мај 2017 | јануари - мај 2018 | Разлика (%) |
| БУГАРИЈА | 1.071.853 | 1.111.610 | 3,7 |
| ГРЦИЈА | 620.612 | 839.542 | 35,3 |
| СЛОВЕНИЈА | 479.386 | 587.841 | 22,6 |
| СРБИЈА | 268.383 | 367.579 | 37,0 |
| СЛОВАЧКА | 154.963 | 211.522 | 36,5 |
| ХРВАТСКА | 129.173 | 190.783 | 47,7 |
| БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА | 130.626 | 179.241 | 37,2 |
| МАКЕДОНИЈА | 139.286 | 164.250 | 17,9 |
| АЛБАНИЈА | 127.292 | 159.068 | 25,0 |
| КОСОВО | 101.559 | 123.185 | 21,3 |
| ЦРНА ГОРА | 22.164 | 27.625 | 24,6 |
| ВКУПНО | 3.245.298 | 3.962.246 | 22,1 |