Gökhan Kurtaran
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ЛОНДОН (AA) - Британската премиерка Тереза Меј, рече дека треба многу сериозно да се разгледаат областите како што е крипто-валута, велејќи: „Можно е да биде неопходно да се преземе целосна акција за моделите на употреба, особено за оние што ги користат криминалците“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за „Bloomberg TV“, Тереза Меј ги евалуираше виртуелните валути познати како крипто-валути.
Меј истакна дека треба многу сериозно да се разгледаат областите како што е крипто-валута. „Можно е да биде неопходно да се преземе целосна акција за моделите на употреба, особено за оние што ги користат криминалците“, рече таа.
Што се однесува до зголемената употреба на биткоини во последниот период, Меј истакна дека оваа тема сериозно треба да се разгледа.
Се тврди дека виртуелните валути долго време се користеле во нелегални активности, вклучувајќи ја и меѓународна трговија со дрога, поради тоа што е тешко да се следат трансферите на пари, што ги олеснува нелегалните активности.