Ata Ufuk Şeker
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
БРИСЕЛ
Индустриското производство во еврозоната порасна во октомври за 1,1 процент во однос на претходниот месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Европскиот завод за статистика (Eurostat) ги објави податоците за индустриското производство за октомври во Европската Унија (ЕУ) и еврозоната.
Индустриското производство во 19-члената еврозона во октомври порасна за 1,1 процент во однос на септември и за 3,3 проценти во однос на октомври 2020 година.
Индустриското производство во ЕУ порасна во октомври за 1,2 проценти во однос на претходниот месец и за 3,6 проценти во однос на истиот период минатата година.
Во споменатиот период најголем месечен раст на индустриското производство помеѓу земјите членки на ЕУ остварија Германија и Словачка со 3 проценти, Грција 2,5 проценти и Данска 2,1 процент.
Најголем пад е забележан во Естонија, 2,4 проценти, Латвија, 1,5 проценти, и во Холандија и Романија 0,9 проценти.
Еврозоната е монетарна унија на 19 држави членки на Европската Унија кои го усвоија еврото како своја примарна валута и единствено законско средство за плаќање.
Европската Унија (ЕУ) во моментот има 27 држави членки.