Дмитриј В. ШЛАПЕНТОК
[Авторот е вонреден професор по историја на Универзитетот во Индијана, Саут Бенд.]
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Сигурно се поставува прашањето како можната руска инвазија на Украина ќе им попречи на цените на гасот и општото снабдување со гас. Сѐ ќе зависи зависи од можните сценарија. Сепак, без разлика на сите нив, малку е веројатно дека Европа целосно ќе се исклучи од рускиот гас, известува Агенција Анадолија (АА).
За да се разбере веројатноста за секое сценарио, треба да се процени природата на режимот на Путин; ова, исто така, ќе ја објасни веројатноста за целосна војна.
‒ Природата на режимот на Путин и шансите за голема војна ‒
Режимот на Путин не се вклопува добро со каква било јасна дефиниција за легитимна моќ, барем како што е опишано од Макс Вебер, значаен германски социолог. Путин не е харизматичен лидер, како што беше случајот со Сталин, Мао, Хитлер итн. Тој не стекна легитимитет преку кралско потекло. Тој нема легитимитет одоздола.
Тој се искачи на власт најмногу затоа што гарантираше дека „приватизираниот“ имот на тајкуните никогаш нема да биде национализиран, а економските интереси на елитата ги дефинираа неговите постапки. Тој ја чува власта најмногу затоа што се појави како посредник меѓу различни сегменти од елитата и, како ренесансен или раномодерен владетел, владее со манипулација. Ако некој би ја искористил дефиницијата за владетели дадена од Макијавели, а подоцна и од Вилфред Парето, тој е повеќе „лисица“ отколку „лав“. Па, зошто тој, одеднаш, поставува толку смели барања од Западот?
‒ Чувството на Путин за слабоста на САД како причина за барањата ‒
Путин тврдеше дека НАТО премногу се доближил до руската граница. Сепак, балтичките земји ‒ сите членки на НАТО ‒ беа блиску до руската граница долго време, а Москва не гледаше проблем со тоа. Барањата на Москва се мотивирани од различни фактори. Како остроумен „ренесансен“ владетел, тој силно почувствува непогрешливи знаци на слабост на САД, манифестирани со поразот во Авганистан, настаните од 6 јануари 2021 година, големиот национален долг и многу други непогрешливи знаци на хегемонистичкиот пад.
Така, време беше да се изврши притисок за отстапки, обиди да се смени процесот на западната, главно американска, експанзија, од времето на распадот на СССР, пред точно 30 години, речиси до денес. Во исто време, одговорот на САД го разочара Путин. Никакви видливи отстапки не следуваа по овие закани, а сојузниците на НАТО, дури и Германија, најмногу ги следеа САД.
‒ Можни сценарија ‒
Доколку Путин би можел да добие некои корисни отстапки, кризата во основа би била решена. Во овој случај, протокот на гас продолжи без поголем прекин, а „Северен тек 2“ ќе профункционира до крајот на оваа година. Всушност, Германија признава дека течниот нафтен гас ветен од Бајден не може да се испорача евтино и на трајна основа, и покрај ветувањата на Бајден. Ова сценарио е најверојатно. Сè уште има други опции.
Би можело да избие војна и сценариото да биде разновидно. Доколку Кремљ не види видливи отстапки, тој би можел формално да ги признае Доњецк и Луганск како републики, по сценариото за Јужна Осетија и Абхазија; Кремљ овде може да забележи дека Косово беше отцепено од Србија и признаено од Западот пред некое време. Ова може да доведе до обид на Украина да го реши проблемот со сила.
Некои членови на украинската елита очигледно ја гледаат Украинската армија како застрашувачка сила, судејќи барем според нивните публикации. Тие претпоставуваа дека Русија го запрела својот напредок во 2014 година, главно затоа што Руската армија била на работ на крупен пораз. Ако ова гледиште доведе до обид да се заземат Доњецк и Луганск со сила, Русија би можела да се вклучи, а војната може да доведе до окупација на цела Источна Украина, со претежно народ кој зборува руски јазик и создавање „Мала Русија“ како руски протекторат.
Овој план долго време кружи во главите на некои руски националисти. Ставот на Александар Севастијанов може да биде пример. Пред повеќе од 20 години, Севастијанов напиша статија за националистичката „Завтра“ (Утре), во која нагласи дека руските лидери треба да ги погледнат странските авантури на Хитлер и тука да ги прифатат неговите здрави одлуки и да ги отфрлат неговите грешки.
Севастијанов тврдеше дека Хитлер донел здрава одлука кога ги анектирал териториите населени или со Германци (судетски Германци и Австријци) или со оние кои биле блиски со Германците по јазик и култура, како што се Данците и Холанѓаните. Во исто време, Хитлер направи јасни грешки кога се обидел да заземе земји населени со луѓе кои се туѓи по етничка припадност и јазик од Германците. Руските лидери треба да ги избегнат овие грешки.
Во оваа статија, Луганск и Доњецк би можеле добро да ги играат улогите на ентузијастичките судетски Германци, додека луѓето од источна Украина кои главно зборуваат руски, би ги играле улогите на Холанѓаните и Данците, кои би го прифатиле, иако неволно, владеењето на Русија. Ова сценарио имплицира дека руските сили нема да се впуштат во западниот дел на Украина, каде што навистина би можеле да се соочат со отпор, како што беше случајот по Втората светска војна.
Во случај на ова сценарио, би имало важни импликации за односите на Русија со Западот и, следствено, снабдувањето со гас од „Северен тек 2“ би можело да биде одложено, ако не засекогаш, тогаш барем за долго време. Испраќањето гас на Запад може да биде дополнително компликувано доколку Русија биде исклучена од СВИФТ (SWIFT). Сепак, дури и во овој случај, желбата да се добие евтин руски гас би била премногу силна за целосно да се избегне.
Треба да се запамети дека дури и во случај на вонредна состојба, испораката на американскиот нафтен течен гас не би можела да биде трајно решение и испораката на гас би продолжила и можеби дури и „Северен тек 2“ би се активирал по некое време.
‒ Опција за Кина ‒
Сепак, силниот шок од прекинот ќе ѝ даде на Москва поголем поттик да испрати повеќе гас во Кина и да ја почувствува зголемената економска и геополитичка гравитациска сила на вистинскиот тоталитарен гигант, црвената Кина, и покрај стравот од московската елита, па дури и потсвесната омраза кон Кина, поради нејзината сличност со советскиот режим, од кој руските олигарси се плашеа и мразеа, како и поради расните и културните предрасуди.
* Мислењата изразени во овој текст се авторски и нужно не ја одразуваат уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА)