Hakan Ceyhan Aydoğan
24 ноември 2015•Ажурирај: 26 ноември 2015
МОСКВА (АА) - Министеството за одбрана на Руската Федерација потврди соборување на рускиот авион од типот СУ-24 во Сирија, недалеку од границата со Турција, пренесува Anadolu Agency (AA)
Според соопштувањето на руското министерство авионот се наоѓаше на висина од околу шест илјади метри, и како е наведено "најверојатно е погоден од земја." Русоро министерство наведува и дека пилотите го напуштиле леталото скокнувајќи со падобран, а нивната состојба се следи.
Руската страна тврди и дека авионот не го напуштил воздушниот простор на Сирија.
Воениот авион на руското производство од типот СУ-24 соборен е недалеку од турско-сиријската граница после десет предупредувања во пет минути, а го пресретнаа и срушија два турски ловци од типот Ф-16 утрово околу 9,30 по локално време, соопштено е од Генералштабот на Вооружените сили на Турција.
Вооружените сили на Република Турција со два борбени авиони Ф-16 утрово го обориле воениот авион откако леталото недалеку од сиријската област Бајирбуџак, го наруши турскиот воздушен простор.