Gökhan Ergöçün
14 Април 2020•Ажурирано: 15 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри итно олеснување на долговите за 25 држави со цел да им помогне да се справат со влијанието на пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со ова им се дава грантови на нашите најсиромашни и најранливи членки да ги покријат своите обврски кон ММФ како почетна фаза во текот на следните шест месеци, и ќе им помогне да канализираат поголем дел од своите мали финансиски ресурси кон виталните медицински услуги и друго“, соопшти управната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.
Земјите кориснички се Авганистан, Бенин, Буркина Фасо, Централна Африканска Република, Чад, Комороските Острови, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Хаити, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мозамбик, Непал, Нигер, Руанда, Сао Томе и Принсипе, Сиера Леоне, Соломонски Острови, Таџикистан, Того и Јемен.
Минатиот месец, ММФ и Групата на Светска банка упатија заеднички повик кон кредиторите да ги суспендираат долговите на најсиромашните земји во светот.