ВАШИНГТОН (АА) - Турција се вбројува во ретките замји од светот, кои успеале да го исплатат сиот свој долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), јавува Anadoly Agency (AA).
Според пренесените статистички податоци на ММФ, во моментот долгот на 70 тина земји во светот, од вкупно 189 држави членки на ММФ, изнесува околу 37 милијарди долари.Најзадолжена земја во светот со вкупен долг од 21,7 милијалди долари е Португалија.
Потоа следуваат Грција, и Украина, како второ и трето рангирани најзадолжени држави, со долг од 16,6 милијарди, односно 11,3 милијарди долари. Четврта земја на листата најзадолжени е Пакистан, со 5,8 милијарди, а како петта се вбројува Ирска со долг од 5,5 милијарди долари.
Останати држави во листата на 10 најзадолжени се следните: Јордан со 1,9 милијарда долари, Тунис со 1,5 милијарди, Ирак со 1,3 милијарда долари.
Северна Република Кипар со 1,16 милијарда, и како последна е Брегот на Слонова коска со долг од 1,14 милијарда долари.
-Држави со ненавремено исплаќење на долговите
Бројот на држави кои не успеале во навремено исплаќање на долговите во моментот изнесува 28.
Повеќето од нив, не биле во можност за отплата на земените кредити поради воената состојба во истите, и меѓу нив спаѓаат: Ирак, Авганистан, Виетнам, Босна и Херцеговина, Судан, Египет, Конго и Куба. Минатата година, Грција, беше додадена како последна во листата, која е една од нај високо задолжените земји кон Фондот.
- Држави кои успеале да го затворат својот долг
Бројот на земји членки на ММФ, кои од 2000 година навака успеале да ги исплатат своите долгови, изнесува една петина од бројот на задолжени земји.
Земјите според годината на затворање на долговите се следните: Аргентина (2006), Бразил (2005), Северна Кореја (2001), Исланд (2015), Литванија (2013), Унгарија (2013), Македонија (2015), Романија (2015), Русија (2006), Турција (2013), и Уругвај (2006).
-Како Турција се спаси од долгот?
ММФ е основан во 1947 година, како организација за помош во залекување на раните од Втората Светска Војна. Турција станува членка на ММФ во истата догина, и има склучено 19 stand-by договори со Фондот.Првиот договор бил потпишан во 1961та година, за време на основањето на 24та влада, од Премиерот Џемал Ѓурсел, по кој следувале нови до 1970та година. Турција не подигнала кредит од Фондот во периодот од 1970-1980, но во 1980та го потпишала првиот долгорочен stand-by договор со фондот. Турција ја заврши ерата на подигнување кредити од ММФ, во времето на 61- влада, основана од Премиерот, Реџеп Тајип Ердоган.
-Улогите на Бабаџан и Чанакчи
Последната рата од долгот на Турција кон ММФ, беше исплатена на 14 мај 2013 година, по одлука на тогашниот Вицепремиер, Али Бабаџан.Турција, преку зеленото светло од Бабаџан за исплата на 400 милиони долари, се спаси од долгот, и отпочна една нова ера во односот со ММФ. Еден од оние со голем удел во успехот на Турција претставува Ибрахим Халил Чанакчи, поранешниот потсекретар во министерството за финансии.
Имено, истиот тој беше заслужен за пребродување на глобалната финсансиска криза од 2001 год. самостојно, поддржувајќи го непотпишувањето на нов stand-by договор со ММФ во 2008 година.
-Турција од контролирана земја, прерасна во земја која контролира
По 11 години и 2 месеци поминати во улогата на Потсекретар на Министерстото за финансии, Чанакчи, од 1 ноември 2014 ја има функцијата на Извршен Директор на Основната единица за управување во ММФ.
Чанакчи, во рамките на 2-годишната мисија за признавање на правото на директна застапеност во ММФ, ја вметнува Турција, како најодговорна во групата на 8 земји членки од Средна и Источна Европа. Спред Чанакчи, смената на улогата на Турција, од земја предмет на ревизија од ММФ од 1960-те, до земја со одлучувачка улога во управувачката дејност на фондот, по затворањето на долгот до сега, претставува отсликување на растечката економија на државата во последните 12 години.
Покрај тоа, стапувањето во сила на Реформата за квотите и управувањето од 2010, на почетокот на оваа година, заедно со назначувањето на Турција во групата на 20 земји членки со најголема гласачка моќ, според Чанакчи, го одбележува најславниот период од 69-годишната врска на ММФ со Турција, досега.