Dilara Zengin Okay
08 Ноември 2024•Ажурирај: 10 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Пазарната вредност на американскиот производител на електрични автомобили Тесла достигна 1 трилион долари, известува Анадолу.
Цената на акциите на Тесла се зголеми за повеќе од 6%, достигнувајќи вредност од 317,60 долари, заклучно со 17:30 часот по средноевропско време.
Со растот на акциите, пазарната вредност на Тесла надмина 1 трилион долари.
На тој начин Тесла се најде на 9-то место меѓу највредните компании во светот.
Акциите на компанијата, чиј извршен директор е Илон Маск, пораснаа откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на претседателските избори одржани на 5 ноември во САД.
Маск, еден од најголемите поддржувачи на Трамп, донираше повеќе од 130 милиони долари за изборната кампања.
Акциите на Тесла пораснаа за повеќе од 27% од почетокот на неделата по изборната победа на Трамп.