Gorana Jakovljevic
06 Март 2024•Ажурирај: 07 Март 2024
ВАРШАВА (АА) - Полските земјоделци со трактори продолжија и денес да протестираат во главниот град Варшава против економската политика на Европската Унија (ЕУ) во оваа земја да се увезува украинска храна, известува Анадолу.
Во текот на протестот демонстрантите носеа полски знамиња и се собраа околу запалениот оган на една од улиците во Варшава.
Полските земјоделци повеќе од две години се загрижени дека украинското жито ќе ја намали цената на локалното жито откако ЕУ воспостави маршрути на снабдување низ ЕУ за да ги избегне црноморските пристаништа што ги блокираше Русија.