Alma Çekovic
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ВАРШАВА (АА) - Полска денес ја обележува 72-годишнината од Варшавското востание, битка против германските нацисти која траеше 63 дена, во која загинаа 200.000 цивили, а Варшава беше срамнета со земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Главната церемонија се одржа на гробот на незнајниот војник, каде што покрај државните функционери присуствуваа и стотици поранешни борци и полски државјани.
Варшавското востание е востание на полските копнени сили за време на Втората светска војна со цел ослободување на Варшава од германската окупација. Борбите во Варшава започнаа на 1 август 1944 година како дел од општото народно востание во Полска. Полските војници пружаа отпор на Германците се до 2-ри октомври 1944 година.
Полјаците изгубија 16.000 војници и до 200.000 цивили. Ранети беа околу 20.000. Германците изгубија повеќе од 17.000 војници а околу 9.000 беа ранети.
По завршувањето на востанието водачот на нацистите, Адолф Хитлер, издаде наредба дека Варшава ќе се срамни со земја. Германските сили со пламенофрлачи и со артилерија уништија над 85 отсто од градот.
Собранието на Варшава во 2004 година изнесе проценка според која штетата која градот ја претрпе за време на Втората светска војна изнесува околу 45 милијарди долари по курсот од таа година.