Ekipa
14 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ЛОНДОН (АА) - Компанијата „Ролс-ројс“ (Rolls-Royce) има намера да укине 4.600 работни места во текот на наредните две години во рамките на големо реконструирање, јавува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата денес соопштија дека имаат намера да заштедат 537 милиони долари за две години за да го задржат растот на профитот.
„Ролс-ројс“ ги надмина очекувањата во 2017 година, кога заработката пред оданочување се зголеми на 1,5 милијарди долари од 1,1 милијарди претходната година.
Директорот на компанијата, Ворен Ист, изјави дека овие промени ќе обезбедат повеќе средства до 2020 година.