Cüneyt Kemal Özkök
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за економија, Нихат Зејбекџи и министерот за економија на Република Македонија, Крешник Бектеши, ја потпишаа одлуката на заедничкиот комитет за проширување на Договорот за слободна трговија меѓу Турција и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Зејбекџи се состана со својот македонски колега, Бектеши, и со македонската делегација во зградата на турското Министерство за надворешни работи.
Зејбекџи и Бектеши ја потпишаа одлуката на Мешовитиот комитет кој овозможува менување на правилата за потекло на Договорот за слободна трговија меѓу Турција и Македонија потпишан во 2000 година, со примена на Регионална конвенција.
Со оваа одлука се зголемуваат билатералната и регионалната интеграција, и постои цел за придонес во обемот на билатералната трговска размена.
Од друга страна, со проширувањето на Договорот за слободна трговија која вклучуваше само трговија на стоки, постои цел за вклучување и на услугите, инвестициите и електронската трговија, како и развивање на мометалната состојба на земјоделските производи.