Övünç Kutlu
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - По тврдењата дека ќе го намали производството на последниот модел од паметниот телефон iPhone X, пазарната вредност на американскиот технолошки гигант „Apple“, денес се намали за 22 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите на „Apple“ на Њујоршката берза во петокот изнесуваа 171,51 долари, а денес се намалија за 2,6 отсто и изнесуваат 167,07 долари, односно пазарната вредност на овој технолошки гигант во петокот изнесуваше 880 милијарди долари, додека денес со намалувањето на вредноста на акциите изнесува 858 милијарди долари.
Исто така, последната недела акциите на „Apple“ се намалија за 6,4 отсто, со што пазарната вредност на оваа компанија во овој период се намали за 58 милијарди долари.
Во денешната вест на јапонскиот весник „Nikkei Asian Review“ се тврди дека во периодот од јануари до март, „Apple“ ќе го намали производството на iPhone X на половина односно на 20 милиони телефони.
Почетната цена на iPhone X во САД, без даноци, изнесува 999 долари.