Ata Ufuk Şeker
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) - Заменик-претседателот на Европската комисија за буџет и човечки ресурси, Кристалина Ѓеоргиева во Светската банка ќе работи како извршен директор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓеоргиева изјави дека одлучила да прифати позицијата како извршен директор на Групацијата на Светска банка и поради ова поднела отказ од нејзината функција во Европската комисија.
Истакнувајќи дека е горда од тоа што последните седум години работела за Бугарија и ЕУ, Ѓеоргиева упати благодарност до председателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Пред нејзината функција во Европската комисија Ѓеоргиева работеше како заменик претседател на Светската банка. Функцијата на Ѓеоргиева како извршен директор на Светската банка, која исто така влезе во трката за номинација на Генерален секретар на Обединетите нации, ќе започне на 2 јануари во 2017 година.
Претседателот на Европстака комисија Јункер изјави дека функцијата на Ѓеоргиева ќе ја преземе членот на Европската комисија Гинтер Отингер.