Gökhan Ergöçün
03 Август 2023•Ажурирај: 04 Август 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Извозот на Туркије во јули изнесуваше вкупно 20,09 милијарди долари, што е зголемување за 8,4 отсто на годишно ниво, соопшти турскиот министер за трговија Омер Болат, јавува Анадолу.
Тој истакна дека во периодот од јануари до јули Туркије реализира извоз во износ од 143,4 милијарди долари, што е благ годишен пад.
Посочи дека во текот на последните 12 месеци извозот се зголемил за 2,1 отсто, 253,38 милијарди долари.
„Ова е постигнато и покрај стагнацијата на глобалното производство, особено на нашиот најголем извозен пазар, ЕУ, слабеењето на обемот на производството и трговијата во светската економија, како и значителниот пад на светските трговски цени и цените на артиклите“, нагласи Болат.
„Уделот на средно високата и високата технологија во вкупниот извоз на земјата се зголеми од 36,9 отсто во 2022 година на 40,8 отсто во првите седум месеци од оваа година“, истакна турскиот министер.
Тој рече дека во јули увозот на Туркије се зголемил за 11,1 отсто или за 32,47 милијарди долари, додека во првиот седуммесечен период тој изнесувал вкупно 217,5 милијарди долари, што е раст за 5,1 отсто на годишно ниво.
„Турскиот увоз на енергија се намали за 26 отсто, 41,1 милијарда долари, во седуммесечниот период“, додаде министерот за трговија на Туркије, Омер Болат.