БУРСА (АА) - СИНАН БАЛЏИКОЏА
Заклучно со 15 септември, извозот на зелен пипер од Турција, во споредба со истиот период минатата година, се зголеми за 36 отсто и достигна 75.500 тони. Во овој период, извозот на пиперката на рускиот пазар е зголемен за повеќе од 4.000 пати, пишува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Унијата на извозници на Улудаг (УИБ), различните видови зелени пиперки произведени во различни порачја од Турција, главно во Медитеранскиот, Егејскиот и од регионот на Мармара, од 1 јануари до 15 септември оваа година, се извезени во 49 земји.
Извозот на зелената пиперка, во споредба со истиот период минатата година, се зголеми за 36 отсто, и од 55.500 тони достигна до 75.500 тони. Приходот остварен од овој извоз е зголемен за 23 отсто и достигна вредност од 68,5 милиони долари.
Зелената пиперка најмногу е продадена во Германија. Извозот во оваа земја се зголеми за 20 отсто, и од 15.000 тони се зголеми на 18.000 тони.
- Извозот за Русија се зголеми за 4.246 пати
По Германија, зеленета пиперка од Турција најмногу се извезувала на рускиот пазар. Заклучно со статистичките бројки од 15 септември 2018 година, во споредба со истиот период претходната година, извозот се зголемил за приближно 4.246 пати. Минатата година во оваа земја беа извезени 2,5 тони зелени пиперки, додека оваа година извозот изнесува 10.615 тони.
Извозот за Романија е зголемен за 56 отсто, и во оваа земја се извезени 8,3 тони зелени пиперки.
Извозот на зелената пиперка реализиран преку Унијата на извозници на Улудаг (УИБ), во периодот од 1 јануари до 15 септември, во споредба со истиот период минатата година е зголемен за 96 отсто, а вредноста пак, е зголемена за 77 отсто.
Претходната година, за сума од 1.525.000 долари, извезени се 1.217 тони зелена пиперка, додека оваа година од извезените 2.386 тони зелена пиперка, добиен е приход од 2.700.000 долари.
Во изјавата дадена за дописникот на АА, заменик-претседателот на Унијата за свежо овошје и зеленчук на Улудаг (УЈМСИБ), Сених Јазган, истакна дека се задоволни од зголемувањето на извозот на зелената пиперка.
Јазган, особено ја истакна важноста на зголемувањето на извозот за рускиот пазар:
„Зголемувањето на извозот од 2,5 на 10.000 тони е убав успех, но ние можевме да извеземе и повеќе. Ова се позитивни резултати од нашите блиски односи со Русија и нашата активна работа во таа земја. Ќе можеме да извезуваме повеќе, доколку успееме да се справиме со штетниците и со отпадот (пиперките кои се расипуваат), што за нас претставува најголем проблем.“
„Ако успееме да ја прошириме разновидноста на пиперките, тогаш ќе ни бидат отворени вратите за извоз во големите европски маркети. Нашето поголемо присуство на европскиот пазар, претставува голема предност за нас од аспект на производители“, истакна Јазган.
news_share_descriptionsubscription_contact
