Aysu Biçer
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
ЛОНДОН (АА) - Турскиот министер за финансии, Нуредин Небати, најави нови финансиски пакети за внесување во банкарскиот систем на златото кое се чува дома, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Турција постои долготрајната традиција на свртување кон златото со цел да се заштити богатството и негово чување дома.
„За нас е важно да се стабилизираат девизните курсеви. Со овој пакет, во системот ќе го ставиме „златото од под перница“, кое се проценува на околу 5.000 тони што е еквивалентно на 250 - 350 милијарди долари“, рече тој, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.
„Одредена сума од ова ќе ја поддржи Централната банка и ќе ја задоволи потребата за девизи“, истакна тој.
„Но она што е најважно, тоа ќе ја поддржи турската лира, која ја формира основата на нашиот модел“, додаде тој.
Претходно оваа недела, Небати се сретна со речиси 100 директори на високо ниво во Лондон за да го претстави новиот економски модел на Турција заснован на ниски каматни стапки.
На прес-конференцијата одржана во Турската амбасада во Лондон, тој рече дека на состаноците ги истакнал динамичните производствени капацитети на Турција, силните перформанси на раст, здравите јавни финансии, цврстиот банкарски сектор и ниските долгови.

Наведувајќи дека инфлацијата во земјата е привремена, тој рече дека редовно ќе се одржува комуникацијата со банкарите и инвеститорите.
За новопретставениот инструмент за депозити во турски лири заштитени со девизи, тој рече дека алатките што имаат за цел да ја зајакнат вредноста на лирата не треба да се гледаат како за еднократна употреба.
„Почнавме со физички лица, додадовме правни лица. Централната банка им дозволи и на турските граѓани кои живеат во странство да имаат корист од овој инструмент.
„Сумата што ја добивме овде надмина 312 милијарди лири [23 милијарди долари] од понеделникот“, рече тој.
„Додека [девизно заштитените депозити] започнаа со 10 отсто од вкупните депозити во почетните денови, бројката достигна 45 отсто. Граѓаните покажуваат интерес“, додаде тој.
Владата на Турција неодамна воведе нов механизам за компензација на штедачите во лири за флуктуациите на странската валута.
Според овој механизам, доколку добивката остане под девизниот курс, Владата се обврза да ја плати разликата помеѓу вредноста на заштедите во лири и депозитите во еквивалентни долари.