Barış Gündoğan
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека уште 9 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои подготвувале напад се неутрализирани во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“ на северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека турските командоси успешно ги неутрализирале терористите на ПКК/ЈПГ кои отвориле оган врз зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“ и се подготвувале за напад на областа.
Се наведува дека бројот на неутрализирани терористи денеска е зголемен на 14.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД.
За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе. Во северна Сирија дејствува ЈПГ, кој е огранокот на ПКК.
Турските сили во северна Сирија во изминатите шест години по должината на сириско-турската граница спроведоа неколку успешни антитерористички операции: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Целта на операциите беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, да се спречи формирање терористички коридор и да се воспостави безбедна зона за цивилите.