Aldijana Hadzic
26 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Езерото Моно во истоимениот округ во американската сојузна држава Калифорнија е едно од најстарите во Северна Америка, а неговите убавини со дрон ги забележа екипата на Агенција Анадолија (АА).
Езерото настанало пред најмалку 760.000 години како терминално езеро во ендорејскиот басен.
Поради недостиг на протоци од езерото, растопените соли се собираат и водата во езерото ја прават алкална.
Езерото Моно е дом на голем број животински видови, меѓу кои и на ракови, птици, а посебна убавина му дава и акумулацијата на седименти.