Aldıjana Hadzıc
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ЧИКАГО (АА) - Бакингемската палата во Чикаго од мај до октомври исфрла вода во висина, што е проследено со светлосни ефекти и му дава посебна привлечност на овој американски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Фонтаната е направена во 1927 година, а денес е еден од симболите на градот.
Перформансот може да се гледа на секој час и трае 20 минути. За време на водената претстава, централниот дел на фонтаната вертикално исфрла вода и до 45 метри во воздух. Кореографијата е проследена со светлосни и звучни ефекти.
Една од најголемите фонтани во светот се наоѓа во Гранд парк, во центарот на градот, а секој ден ја посетуваат неколку стотици лица.