Zuhal Demirci
15 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
ЛОНДОН (АА) - Лице што веслало во реката Темза, која минува низ главниот град на Велика Британија, Лондон, пронашло човечка коска од пред 5 илјади години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Би-би-си“ (BBC), графичкиот дизајнер Симон Хант едно утро нашол човечка коска од бутот или коска од горниот дел на ногата во коритото на реката кога отишол да весла по реката Темза во Лондон.
Хант потоа ја завиткал коската што ја нашол во проѕирна пластична кеса и ја однел во полиција.
Откако полицијата ја испратила коската на лабораториско тестирање, истражителите утврдиле дека коската е од периодот помеѓу 3516 и 3365 пр. н. е.
Ова значи дека пронајдената коска е постара и од Стоунхенџ, изграден во 3000 година пр. н. е., на 130 километри западно од Лондон, и од пирамидите во Гиза во Египет.
Еден археолог истакна дека проценил дека висината на личноста на која ѝ припаѓала коската е околу 170 сантиметри, но дека не може да се каже дали лицето е машко или женско.
Истакнувајќи дека луѓето му рекле дека е чудно што ја пронашол коската во Лондон, Хант додаде: „Но, мораме да запомниме дека тогаш Лондон не постоел.“
„Мислам дека е добро сочувана и затоа заглавила во калта на реката, потоа се преместила од калта и го пронајде патот кон мене“, нагласи Хант.
На бреговите на реката Темза во 2019 година е пронајден фрагмент од череп за кој се смета дека е од неолитскиот период.
Како резултат на испитувањето констатирано е дека челната коска, што е пронајдена во калта на брегот на реката, потекнува од пред околу 5.600 години.