Rabia İclal Turan
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Двајца високи турски функционери ќе бидат во дводневна посета на Палестина и Израел, што ќе започне во среда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерство за надворешни работи на Турција.
Според соопштението, за време на официјалната посета, претседателскиот портпарол Ибрахим Калин и заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал ќе се сретнат со палестинскиот претседател Махмуд Абас, заедно со израелските претставници.
„Нашата делегација ќе се сретне и со израелските власти за да разговара за подготовките за посетата на Исак Херцог, претседателот на Израел, на Турција и ќе одржи политички консултации со израелските власти“, се додава во соопштението.
Патувањето доаѓа пред очекуваната посета на Турција на израелскиот претседател Херцог, што треба да се случи во март, како што неодамна најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.