Aldijana Hadzic
18 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) – Во градот Сан Франциско, во американската сојузна држава Калифорнија, во тек се подготовките за Ноќта на вештерките, а украсени се многу домови и дворови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ноќта на вештерките се слави на 31 октомври, и е еден од најпопуларните празници во светот, пред сè поради костимите што се носат и бонбоните што се делат таа вечер.

Иако обичајот за маскирање е најпопуларен во земји како Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, оваа традиција е сè поприсутна и во другите делови на светот.